Во битката за Рака убиени најмалку 3.250 лица

Од:

Во четиримесечните борби за сирискиот град Рака биле убиени 3.250 лица, од кои најмалку една третина биле цивили, објави Сирискиот центар за мониторинг за човековите права со седиште во Лондон, по денешната вест дека бунтовничката коалиција Сириски демократски сили го освои ова главно упориште на групата Исламска држава (ИД) во Сирија.

Сириските демократски сили, кои ги сочинуваат курдски и арапски бунтовнички групи, што уживаат американска поддршка, ја освоија Рака по долготрајна опсада.

Според Центарот, стотици лица се водат како исчезнати, при што за голем дел од нив се верува дека се цивили убиени во воздушните и артилериските напади и уличните борби и се закопани во дворовите на нивните куќи.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години