Во Белгија уапсена банда од Чачак, одговорна за 150 кражби

Од:

Полицијата во Белгија минатата недела уапси петнаесет криминалци, кои во краток временски интервал предизвикале околу 150 кражби, пишува српскиот „Блиц“.

Според наводите на полицијата, сите уапсени се од Чачак, а групата со месеци, во регионот на Антверпен, ограбувала продавници и куќи.

-Членовите на големата банда која што направи повеќе од 150 кражби, минатата недела се уапсени. Постои сомнеж дека тие добивале инстукции од Чачак, а украдените работи пристигнуваат токму од таму.

– Полицајците беа шокирани кога сфатија дека сите членови на групата се од еден мал град во Србија-изјави анонимен извор од Белгија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети