Во Белгија приведени три лица заради поврзаност со радикални групи

Од:

Белгиската полиција во регионот на западниот град Кортрејк приведе тројца мажи кои имале врски со „радикални групи“, а при претресот на нивните домови е откриено нелегално оружје.

Како што наведуваат француските медиуми, тројцата сомнителни радикали се приведени во Харелбеке, на дваесетина километри од француската граница. Тие имале врска со џихадистичко движење и се приведени во текот на истрагата за една терористичка закана.

Претходно овој месец, при една од неколкуте акции против исламистичка група, која се подготвувала да изврши напад врз полицијата, во источниот град Вервие полицијата уби двајца исламистички борци.

Портпаролот на обвинителството во Кортријк ја потврди информацијата за денешните апсења и изјави дека властите проверуваат дали има врски меѓу тројцата и исламистичката група.

Полицијата се сомнева дека убиените во Вервие пред да се вратат во Белгија участвувале во борбени активности во Сирија. Според белгиски претставници, околу 350 лица заминале да се борат на страната на исламистичките групи, като Исламска држава, во Сирија и Ирак, а некои од нив планираат атентати во Белгија откако ќе се вратат од зоната на конфликтот.

Локалните медиуми напоменуваат дека минатото лето три лица од
регионот на Кортријк заминале да се борат во Сирија. Во последните недели двајца од нив преку социјалните мрежи упатиле закани кон Белгија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети