Во Белгија ќе гради цевковод за пиво

Од:

Во обид да ги спречи камионите да возат низ историскиот град, Бриж ќе гради цевковод за пиво кој ќе оди под земјата.

Агенцијата ФрансПрес пренесува дека цевководот ќе ја поврзува старата пиварница De Halve Maan со фабриката за флаширање која е оддалечена 3 километри и со тоа ќе ја елиминира потребата околу 500 камиони годишно да минуваат низ тесните улички на градот.

Пиварницата De Halve Maan е важна зграда во Бриж и е дел од светското наследство на УНЕСКО, а годишно ја посетуваат околу 100.000 туристи. Сепак жителите на градот се жалеле поради гласните камиони и стравуваат од можното оштетување на калдрмите низ градот.

„Идејата е направена поради грижата за околината и квалитетот на животот во градот, а не поради економски причини“ – изјави директорот на компанијата.

Цевководот ќе носи околу 5.000 литри пиво на час и би требало да го намали времето за транспорт на пивото до фабриката.

Проектот е меѓу првите вакви во светот, а нешто слично има во Германија. Изградбата ќе стартува следната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети