Во Барселона запленети четири тони кокаин

Од:

Четири тони кокаин скриени во вреќи со ориз се запленети во пристаништето во Барселона, што е најголемата заплена досега во тоа шпанско пристаниште, соопшти денеска шпанската полиција.

За време на рацијата уапсени се осум лица, меѓу кои и шеф на шпанска компанија чие име не се споменува во соопштението, а уште две лица, меѓу кои и шефот на мрежата во Парагвај, соопшти полицијата, пренесува Фигаро.

Акцијата е резултат на меѓународна истрага покрената минатата година, чија цел била шпанска компанија која увезувала ориз од Парагвај.

Криминалната мрежа имала операции во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде дрогата била спакувана во пластични кеси, а потоа во вреќи со ориз.

Според шпанската полиција, која прецизира дека дејствувала во соработка со парагвајската полиција и американската Федерална агенција за борба против дрогата (ДЕА), мрежата извезувала дрога и во други европски пристаништа.

Во март во Саутемптон, Велика Британија беа запленети 2,1 тони кокаин увезен од истата организација, додека во октомври во Парагвај беше пресретната пратка од 3,3 тони кокаин наменета за Белгија.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ