Најмалку 15 лица починаа како резултат на временските услови за време на големиот топлотен бран во делови на Бангладеш во последните две недели, соопшти Центарот за итни случаи на Генералниот директорат за здравствени услуги.
Во соопштението се додава дека три лица починале денеска, јавува агенцијата Синхуа.
Официјалните лица рекоа дека повеќето од смртните случаи биле пријавени во областа Магура во југозападниот регион на земјата, каде живата се искачи на рекордни 43,8 степени Целзиусови минатата недела.