Во Бахмут има улични тепачки, Русите ја прекинаа главната рута за снабдување

Од:

Руската артилерија ја блокираше главната рута за снабдување во близина на селото Часив Јар, кое се наоѓа над источниот украински град и се уште е под украинска контрола, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од украинската војска и извештаи од војници во градот.

Приватната руска воена компанија „Вагнер“ вчера објави дека ја освоила Красна Хора, село во близина на Бахмут. Според Си-Ен-Ен, руската артилерија сега може да цели на возила кои влегуваат во градот преку главниот пат.

Поради ова, украинските бранители сега се оставени да водат улични битки со членовите на Вагнер и другите руски сили по Бахмут. Што се однесува до снабдувањето, тие ќе мора да прибегнат кон покомплицирани рути за снабдување преку оддалечените патишта, според извештајот на Си-Ен-Ен.

На Украинците им е се потешко во Бахмут бидејќи не можат да користат артилерија и тенкови во градот, потврдија за Си-Ен-Ен извори од украинската војска, исто како и војниците кои се во градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски