Во Австралија дозволено ставање емотикони на регистарските таблички

Од:

Во Австралија, односно во сојузната држава Квинсленд, од 1 март возачите ќе можат на регистарските таблички на своите автомобили да додадат еден од петте понудени „емотикони“, освен буквите и бројките.

Емотиконите нема да бидат дел од официјалната регистрација, туку ќе служат само како декорација, покрај максимално пет знаци – три букви и две бројки. Националната асоцијација за автомоби на Австралија и досега не беше многу конзервативна кога се во прашање новите трендови, бидејќи возачите можеа да го додадат логото на својот омилен клуб или на својата компанија.

Сите оние кои ќе сакаат на регистарските таблички да додадат и емотикон ќе треба да платат 450 австралиски долари, односно 283 евра.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ