Најмалку 11 провладини борци загинале во експлозија на бомба во текот на ноќта во северниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.
Тие биле испратени како засилување на локалните безбедносни сили, објави Владата на провинцијата Бадахшан.
За нападот се обвинети талибанците, но групата сè уште нема издадено никакво соопштение.
Тридневното примирје по повод празникот на Еид ел-Фитр на крајот на мај не беше продолжено, иако Владата го побара тоа неколку пати.