Во Авганистан убиени 13 луѓе во воздушен удар

Од:

Најмалку 13 цивили го загубија животот а седум се ранети при воздушен удар на авганистанската војска врз талибански позиции во западната авганистанска провинција Херат, јавува ДПА.

Во нападот, кој се случил вчера, цел бил командниот центар на талибанските сили во селото Бахтабад во провинцијата Шиндад.

Во експлозијата биле убиени 20 талибанци, но настрадале и 13 цивили кои што биле сместени во околните куќи, изјави портпаролот на регионалните власти во Херат, Џајлани Фархад кој најави дека тим истражители се упатиле кат кон местото на инцидентот.

Претставник на регионалниот совет Хаџи Торалај Тахери за локалните медиуми изјави дека сите загинати се цивили, без ниту еден загинат талибанец

– Собранието на талибанските претставници кое што било цел на нападот веќе беше завршено, изјавил Торалај.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан