Во Авганистан ликвидиран талибанскиот „гувернер од сенка“

Од:

Талибанскиот „гувернер од сенка“ во ослободената област Карух, на западот од Авганистан, е убиен од владините вооружени сили, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Западните агенции, повикувајќи се на локалните медиуми, претходно известија дека авганистанските власти воведоа ноќен полициски час во 31 од вкупно 34 провинции во земјата.

„Ликвидирани се 20 талибанци, вклучувајќи го и Мула Халим, талибанскиот „гувернер од сенка“ во областа Карух, како и двајца други команданти. Уште 50 лица се повредени во борбите“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана објавено на Твитер.

Телевизијата „Толо њуз“, повикувајќи се на авганистанското Министерство за внатрешни работи, јави дека авганистанските власти вовеле ноќен полициски час во 31 провинција со цел да го спречат движењето на талибанците. Се посочува дека забраната за движење трае од 22 до 4 часот наутро, а ограничувањето не се однесува само на три провинции – Кабул, Панџшер и Нангархар.

Претходно, претставникот на авганистанското Министерство за одбрана, Фавад Аман, информира дека владините сили го ослободиле подрачјето Карух, во провинцијата Херат, на западот од земјата.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан