Во Англија наскоро карантин на живината поради птичји грип

Од:

На 7 ноември во цела Англија ќе биде воведен карантин за живина и домашни птици за да се спречи ширењето на птичјиот грип, соопшти денеска британската влада.

Сопствениците ќе мора да ги чуваат своите птици, без разлика на видот или големината, во затворени простории и да следат строги мерки за биосигурност за да ги заштитат од болести, се вели во соопштението на Одделот за животна средина на Велика Британија.

Карантин веќе е воведен во неколку области во Англија, откако здравствените власти утврдија дека ризикот од птичји грип меѓу дивите птици е „многу висок“.

Во текот на октомври во Англија се откриени повеќе од 70 жаришта на птичји грип, а болеста е откриена и кај диви птици.

Според податоците на Европската агенција за безбедност на храната, минатата година морале да бидат убиени 47,7 милиони живина.

Неколку случаи на пренесување на вирусот на луѓе се пријавени во Кина, Велика Британија, САД и Шпанија.

Птичјиот грип е заразна болест на птиците која може да се пренесе на луѓето. Високо патогениот вирус на птичји грип H5N1 првпат беше пријавен во 1997 година во Хонг Конг и оттогаш се прошири надвор од Азија.

Оваа болест не се пренесува од човек на човек, но најранливи се луѓето кои се во директен контакт со заразена живина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Катерина Ѓуровски

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Европа се соочува со најголемата епидемија на птичји грип досега

Холандската Влада: Ќе бидат усмртени уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип

А1он

Кина го пријави првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај човек

Разрешена директорката на Агенција за ветеринарство на Албанија поради ненавремена реакција на птичјиот грип

А1он