Во акција на германската полиција уапсени осум исламисти

Од:

Најмалку осум исламисти, германски државјани, се уапсени во полициска рација во Северна Рајна Вестфалија поради сомнеж дека со кражби во цркви и училишта собирале средства за поддршка на џихадисти во Сирија, јавуваат германските медиуми.

Во акцијата, со центар во градот Келн учествувале 240 полицајци, а извршени се претреси на домови и простории на 20 осомничени, што се обвинети за фалсификување пасоши за доброволци во света војна.

Германија со сите средства се бори против сите што на нејзина територија работат за ИД, додека баварската Христијанско-социјална унија бараше на исламските терористи да им биде одземено германското државјанство.

Владата на Германија, исто така, најави дека планира да го заостри кривичното право во две точки. Кривично гонење за сите што ја напуштаат земјата за пристапување кон терористички организации и кривично гонење за лица што финансираат тероризам.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија