Во акција на Европол уапсени 29 луѓе поради криумчарење мигранти

Од:

Полицијата на Италија, Албанија и Грција денеска уапси 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените сзе дел од синџирот од 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои најмалку 1.100 луѓе биле превезени со брод од Турција до брегот на Пуља, а потоа и до други европски земји на ЕУ.

Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка, изјави потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече. Тој изјави дека некои од нив биле уапсени порано во истрагата што била покрената пред повеќе од една година.

Осумнаесет луѓе се уапсени во Албанија и еден во Грција, соопшти Европол.

Се верува дека организаторите на операциите се во Турција, па затоа обвинителите во Лече ги активираа дипломатските канали, надевајќи се дека ќе ги уапсат водачите на таа криминална банда, рече Лео.

Европол соопшти дека шверцерите наплаќале од 6.000 до 10.000 евра за превоз од Турција до јужна Италија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци