Во АЕЦ „Фукушима“ повторно откажа еден од системите за ладење

Од:

Откажа дел од системот за ладење во јапонската нуклеарна електрана „Фукушима“, што беше оштетена од цунамито, а тоа се случува втор пат во последниот месец.

Откако се огласил алармот на реакторот број три, испитувањата покажале дека престал да работи системот на еден од базените што соддржат потрошено, но и натаму високо радиоактивно нуклеарно гориво.

Се смета дека престанакот со работа на системот не претставува непосредна опасност, пренесува Би-Би-Си.

Минатиот месец, заради престанок на напојувањето со електрична енергија, системите за ладење престанаа да работат во четири базени во кои се наоѓаше потрошено нуклеарно гориво.

Би можело да ве интересира

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јужна Кореја бесна на Јапонија за планот за испуштање на радиактивна вода од Фукушума во океанот

Ана Ололовска

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Ана Ололовска

Стотина повредени во земјотресот во Фукушима

Катерина Ѓуровски

Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан

Ана Ололовска