Стотина повредени во земјотресот во Фукушима

Од:

Во земјотресот што вчера ја погоди јапонската префектура Фукушима повредени се повеќе од 100 луѓе.

Епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, беше на на 81 километри од градот Ишиномаки, на длабочина од 55 километри во Пацифички Океан.

Поголеммиот број повредени се од префектурите Мијаги и Фукушима, на источниот брег од најголемиот јапоснки остров Хоншу.

Земјотресот беше почувствуван и во Токио.

Нуклеарните постројки во Јапонија не се оштетени од земјотресот.

Островот Хоншу на 11 март 2011 година беше погоден од земјотрес и цунами, што предизвика хаварија во нуклеарната централа во Фукушима. Земјотресот беше со интензитет од 9,3 степени според Рихтеровата скала, а бранови од 16 метри го поплавија островот, при што загинаа повеќе од 19.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ