Во 70 земји е незаконски да се биде хомосексуалец, во седум се казнува со смрт

Од:

Драконскиот закон во Брунеј донесен пред два дена, каде хомосексуалноста ќе се казнува со смрт со каменување, предизвика бурни реакции во светската јавност, посебно меѓу поборниците за човекови права.

Но, тоа не е единствената земја каде луѓе се прогонувани само поради нивната сексуална оријентација, наведува Си-Ен-Ен. Според минатомесечниот извештај на Меѓународното здружение на лезбејки, геј, бисексуални, транс и интерсексуални лица (ИЛГА), а кој се однесува на хомофобијата на државно ниво, шест држави членки на ОН имаат смртна казна за консензуален истополов секс, а Брунеј стана седмата.

Во извештајот се посочува дека смртна казна за таков сексуален чин е можна во уште пет земји-членки.

Консензуалните истополови односи се криминализирани во дури 70 држави, членки на ОН. Во 26 од нив казната за хомосексуален секс варира од 10 години до доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ