Во 31 од вкупно 34 провинции во Авганистан се воведува полициски час за да се запрат талибанците

Од:

Откако во последните два месеца се соочија со голема офанзива на талибанците авганистанските власти денеска соопштија дека ќе воведат ноќен полициски час во 31 од 34 провинции.

Само провинцијата Кабул и две други провинции се ослободени од полицискиот час.

„Со цел да се запре насилството и да се ограничи движењето на талибанците, прогласен е полициски час во 31 провинција во земјата“, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека од оваа одлука се исклучени само провинциите Кабул, североисточната провинција Паншир и источната Нангархар.

Портпаролот на министерството прецизира дека полицискиот час ќе биде во сила од 22 до 4 часот наутро, но кажа колку ќе трае оваа мерка.

Талибанците во мај почнаа офанзива против авганистанските сили, откако САД и НАТО го најавија конечното повлекување на меѓународните сили од земјата, што е планирано да заврши до крајот на август.

Талибанците, во меѓувреме, зазедоа големи делови од руралните области на земјата и авганистанските сили, кои досега даваа мал отпор, во суштина сега ги контролираат само најголемите центри и главните градови на провинциите.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан