Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Од:

Лапо Елкан, внукот на Џани Ањели, основачот на автомобилскиот гигант „Фиат“, добил смртни закани и навреди по објавувањето на твит во кој кажува дека фашистичките групи треба да бидат забранети.

Елкан соопшти дека неговите адвокати „во следните часови“ ќе поднесат тужба против наводните фашисти, пренесе Анса.

Тој изјавата во која ги критикува фашистичките групи ја даде поради извештаите за актуелните настани на државната телевизија РАИ.

Елкан е бизнисмен, филантроп и внук на Џани Ањели, „кралот на Италија“, кој почина во 2003 година. Тој е брат на Џон Елкан, актуелнуиот претседател на групацијата „Fiat Chrysler Automobile“ (FCA) и претседател и извршен директор на „Екор“- инвестициска компанија контролирана од семејството Ањели, во чија сопственост е фудбалскиот клуб „Јувентус“, наведува италијанската агенција.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он