Американската новинарка и внука на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Татјана Шлосберг, почина на 35-годишна возраст, соопшти денес нејзиното семејство.
„Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа засекогаш ќе живее во нашите срца“, објавија членовите на семејството на социјалните медиуми, објави NBC News.
Таа беше ќерка на уметникот Едвин Шлосберг и дипломатката Каролин Кенеди, најстарото дете на Џон Ф. Кенеди.
На Шлосберг ѝ беше дијагностицирана акутна миелоидна леукемија со ретка мутација позната како Инверзија 3. ѝ беше дијагностицирана на 25 мај 2024 година, истиот ден кога го роди своето второ дете, откако лекарите забележаа абнормално висок број на бели крвни клетки и наредија дополнителни тестови. По пет недели лекување во болница во Њујорк, таа продолжи со хемотерапија дома, а потоа доби трансплантација на коскена срцевина.
Татјана Шлосберг беше искусна и почитувана новинарка, работејќи за весници како што се Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост и Атлантик.
