Властите во Јужна Кореја воведоа нови построги правила за носење на заштитни маски кои ќе важат во главниот град Сеул и околните области.
Земјата во изминатиот период бара начини за ефикасна борба против смртоносниот вирус. Според епидемиолозите, зачестените протести, како и службите во верските храмови, се најголема причина за зголемениот број на нови позитивни случаи, пренесуваат локалните медиуми.
Од оваа недела, жителите на Сеул мораат да носат маски во затворени простории, како и на отворено. Тие можат да ги извадат маските, но само додека јадат.
Претходно, жителите на овој град носеа маски само во јавниот превоз, оваа мерка започна да се применува од мај кога за прв пат беше на удар здравството во земјата.
Градоначалникот на Сеул, Сио Јунг изјави дека најдобрата заштита од вирусот е граѓаните да ги носат маските, а истовремено да ги почитуваат препораките за превенција.
Со месеци, Јужна Кореја беше широко поздравена од светот за нејзиниот постигнат успех во сведување на стапката на инфекции на нула преку масовното тестирање на популацијата, како и поради ефикасното идентификување на заразените.
Новите 266 позитивни случаи пријавени во понеделникот беа аларм за јужнокорејските власти да ги заострат мерките против пандемијата.