Авганистанскиот претседател Ашраф Гани потврди денеска дека испратил делегација во Пакистан да разговара со претставници на талибанците, што е негова прва потврда за официјалните преговори со бунтовниците, кои се борат за уривање на Владата во Кабул.
Првиот чекор кон мировните преговори, со цел да се стави крај на војната, која трае повеќе од 13 години, се случи неколку часа откако талибанците се осомничени за самоубиствени бомашки напади врз конвој странски војници во Кабул.
Според авганистански извори во експлозијата загина едно, а ранети се три лица.