Властите на островот Хоншу советуваат евакуација на населението поради тајфунот „Етау“

Од:

Тајфунот „Етау“ беснее денеска кон најголемиот и најнаселен остров на јапонскиот архипелаг, носејќи силен ветер и дожд, па поради тоа локалните власти советувале евакуирање на повеќе од 120.000 луѓе поради евентуални поплави.

Невремето со брзина ветрот до 126 километри на час се наоѓа на неколку стотина километри јужно од главниот град и се очекува утре да стигне до островот Хоншу и Токио.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предушредување поради поројните дождови и силниот ветер, а јапонската авиокомпанија најави можни доцнења и откажувања на летовите на регионалните аеродроми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија