Граничните патроли на Коста Рика запленија рибарски брод што доаѓал од Јужна Америка, во кој биле пронајдени 1,9 тони кокаин.
Вредноста на запленетата дрогата се проценува на 35 милиони долари.
Бродот е задржан на 61 километар од брегот на Коста Рика со помош на авион на американската граничка патрола.
Во операцијата се уапсени тројцата членови на екипажот на бродот.