Власта ја апси опозицијата во Азербејџан поради протест

Од:

Опозицијата во Азербејџан протестираше вчера со барање за   распуштање на Парламентот.Опозицискиот азербејџански Народен фронт соопшти дека десетмина учесници на неговиот мирен продемократски митинг во Баку биле осудени на седум до десет дена затвор, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Партискиот претставник Фаиг Амиров денеска изјави дека шестмина од уапсените се членови на неговата партија, а тројца се активисти на партијата Мусават.

Властите засега не ја потврдија оваа информација.

Неколку десетици активисти се собраа вчера попладне на митинг во Баку со барање за распуштање на Парламентот, на протестот беше растурен со интервенција на полицијата.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска