По едногодишната парламентарна криза, предизвикана од бојкотот на опозицијата, во Камбоџа е пронајдено решение за соработка меѓу двете најјаки партии со тоа што лидерот на опозицијата Сам Раинси во Парламентот доби формален ранг еднаков на тој што го има премиерот Хун Сен. Ова решение треба да биде завршниот чин на помирување меѓу власта и опозицијата која една година, незадоволна од изборните резултати го бојкотираше парламентот барајќи привремена влада и нови избори.
Опозиционата Национална партија за спас, која на парламентарните избори во 2.013 година освои 58 од 123 пратенички места долго време тврдеше дека изборите биле нелегални и наместени. Со бојкот, улични протести и организирање штрајкови во фабриките се опозицијата обидуваше да го оспори легитимитетот на победата на премиерот Хун Сен, но по решителниот став на владејачката партија дека нема да дозволи нови избори, во јули годинава опозицијата се врати во Парламентот.
Опозициониот лидер Раинси сегашното решение го нарече „ нова култура на дијалог и значаен потег во политичкиот преврт“, додавајќи дека порано политиката на владејачката партија се сведувала на тоа да се намали политичкото значење на опозицијата.