Владејачката Камбоџанска народна партија (ЦПП) соопшти дека победила на парламентарните избори.
Се очекуваше дека премиерот на Камбоџа Хун Сен ќе победи, бидејќи речиси немаше опозиција.
Од владејачката партија соопштуваат дека освоиле 80 отсто од гласовите, како и сто од 125 места во Парламентот на Камбоџа.
Официјалните резултати се очекуваат до средината на август.
Одѕивот на парламентарните избори во Камбоџа изнесуваше 80,49 проценти, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 6,74 милиони граѓани гласале на изборите, што е повеќе од изборите во 2013 година, кога гласале 69,61 процент од граѓаните со право на глас.
Претседателот на изборната комисија Бун Хок изјави дека високиот одѕив покажува дека изборите биле успешни.
Водечката опозициска партија ЦНРП повика на бојкот откако нејзиниот
лидер Кем Сока беше осуден на затворска казна поради предавство и со тоа спречен да учествува на изборите.