Владејачката партија најверојатен победник на изборите во Азербејџан

Од:

Во Азербејџан денеска се одржаа парламентарни избори на кои владејачката „Нова партија на Азербејџан“ на претседателот Илхам Алиев освои најмногу гласови, покажуваат излезните анкети.

Според тие анкети, владејачката партија ќе има мнозинство со освоени 69 мандати од 125 места во парламентот, додека независните кандидати освоиле 41 пратеничко место.

Излезни анкети се спроведени на 1.053 избирачки места, со маргина на грешка од 3,6 до 3,9 проценти.

На денешните предвремени парламентарни избори во Азербејџан право на глас имаа 5.329,460 избирачи.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, издаде наредба за распуштање на парламентот на 5 декември минатата година, а Парламентот речиси едногласно го побара тоа од него откако премиерот поднесе оставка.

Околу 1.314 парламентарни кандидати учествуваат на предвремените парламентарни избори во Азербејџан, додека вкупно 2.431 лица се пријавиле да се кандидираат на парламентарните избори. Партијата со најголем број кандидати на парламентарните избори во Азербејџан е Нова партија на Азербејџан (НАП), со 122 кандидати. Партијата Мусават (Еднаквост) има 23 кандидати за парламентот, Партијата Умид (Надеж) – 19 кандидати, Партијата на азербејџански народен фронт – 13 кандидати, а Обединетата азербејџанска партија – 12 кандидати.

Речиси 90.000 локални набудувачи се акредитирани за предвремените избори, а бројот на меѓународни набудувачи кои добиле акредитација е 883. Тие претставуваат 59 меѓународни организации од 58 држави.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска