Владејачката ПАП повторно победи на парламентарните избори во Сингапур

Од:

Партијата за народна акција (ПАП), кој во Сингапуир е на власт од 1965 година победи на вчерашните парламентарни избори, но опозицијата освои досега рекорден број гласови.

ПАП освои 83 од вкупно 93 пратенички места во Парламентот, а другите мандати и припаднаат на опозициската Работничка партија. Тоа е најголем број на опозициски пратеници во историјата.

За ПАП гасаа 61 отсто од граѓаните. Победата на владејачката партија беше очекувана, а премиерот Ли Хсијен Ланг останува на функцијата.

Ли е син на основачот на градот-држава Ли Куан Јева. Ли најави дека ова е негов последен мандат и оти потоа ќе се повлече од политиката.

Изборите се одржаа со почитување на строгите мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус. Сингапур е една од најпогодените земји во азиско-пацифичкиот регион, со над 45.000 инфицирани лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска