Владата во Венецуела ке ги конфискува пекарниците ако не произведат доволно леб

Од:

Владата на Венецуела предупреди дека ќе ги конфискува пекарниците кои нема да произведат доволно леб и кои нема да ги почитуваат новите владини мерки за снабдувањето со овој прехранбен производ.

Ваквото владино соопштение се оправдува со намерата да се спречи недостигот на леб, што се чувствува во оваа јужноамериканска земја.

Станува збор за „војната“ за лебот што владата на претседтелот Николас Мадуро ја започна со производителите, заканувајќи се со остри казни, доколку инспекторите забележат редови пред некоја пекарница.

Владините мерки им наложуваат на пекарниците да прозведуваат „доволно леб за лугето„ на тој начин што брашното сега во 90 отсто треба да се користи за „обичен леб„, а само 10 отсто за бели пецива.

Мадуро и неговите министри ги обвинуваат пекарите причината за недостигот на леб го објаснува со „шпекулациите“ на пекарите кои, наводно, наместо да прават леб, прават само пецива, за да заработеле повеќе пари, поради повисоките цени на овие производи.

Производителите ги отфрлаат ваквите обвинувања од владата, објаснувајќи дека не би имало никаков проблем ,ниту пак би требало да се прави рационализација , доколку има повеќе брашно.

Веке подолго време, оваа земја богата со нафта, се соочува со голем недостиг на прехранбени производи и основни продукти за домаќинствата, поради недостигот на пари за увоз.

Владата на Мадуро за кризата, која ја означува како економска војна против Венецуела, ги обвинува меѓународните фактори и домашната „буржоазија“ која со кризата сакала да ја урне власта која „има мандат од народот“.

Опозицијата, пак, тврди дека вината за катастрофалната економска состојба не е само депресираната цена на нафтата, туку пред се, левичарската, социјалистичка економија што ја води владата и популистичката политика на Николас Мадуро, за да може да остане на власт.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски