Владата во Абуџа демантира дека е прогласен халифат во североисточна Нигерија

Од:

Нигериската Влада демантира дека исламистичката бунтовничка група Боко Харам формирала исламска држава во заземените села и во градови во североисточниот дел од земјата.

Нигерискиот министер за одбрана Алију Гусау на Твитер објави дека не се нарушени суверенитетот и територијаланата целост на Нигерија.

Лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау изјави дека е формира исламска држава во североисточна Нигерија.

Тој во видео-снимка им честита на своите борци кои на почетокот од месецот го освоија Гвоза, најголем град под контрола на Боко Харам.

Припадници на Боко Харам денеска  нападнаа воени и полициски станици во градот Гамбору Нгала, на границата со Камерун.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи