Нигериската Влада демантира дека исламистичката бунтовничка група Боко Харам формирала исламска држава во заземените села и во градови во североисточниот дел од земјата.
Нигерискиот министер за одбрана Алију Гусау на Твитер објави дека не се нарушени суверенитетот и територијаланата целост на Нигерија.
Лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау изјави дека е формира исламска држава во североисточна Нигерија.
Тој во видео-снимка им честита на своите борци кои на почетокот од месецот го освоија Гвоза, најголем град под контрола на Боко Харам.
Припадници на Боко Харам денеска нападнаа воени и полициски станици во градот Гамбору Нгала, на границата со Камерун.