Владата на Венецуела и опозицијата постигнаа првичен договор за излез од кризата

Од:

Влдата на Венецуела и опозицијата постигнаа првичен договор да се обидат земјата да ја извадат од длабоката политичка и економска криза, но засега не се открива содржината на конечната одлука и преговорите ќе продолжат, пренесоа светските агенции.

„Свечено ветуваме дека нашите политички разлики ќе најдат одговор само во стриктните граници на Уставот“, се подвлекува во заедничката декларација на претставниците на двете партии, цитирана од француските медиуми.

Договорено е одржување нови избори во државата Амасонас за да се изберат пратеници кои ќе ги заменат тројцата народни претставници . кои беа ослободени од Врховниот суд на земјата заради обвиненија за купување гласови. Партиите се договорија и да ја почитуваат автономијата на законодавната власт и да работат на надминување на пат позицијата до која доведе одлуката на Врховниот суд за укинување на одлуката  на Националното собрание, забележуваат американските медиуми.

Емисарот на Ватикан, монсињор Клаудио Марија Чели, ја информира јавноста за постигантиот договор откако ги прочита заклучоците од втората средба на опозицијата и социјалистичката Влада на претседателот Николас Мадуро. Чели додаде дека е постигнат и договор како да се определат замениците на двајцата членови на Националната изборна комисија, чии мандати завршуваат во следниот месец.

Двете страни информираа и дека ги договориле мерките за борба со недостигот на прехранбени производи и лекарства, со кои земјата се судрува. Преговорите, што беа одбележени со недоверба, ќе продолжат во следните денови.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски