Владата на словачкиот премиер го преживеа гласањето за недоверба

Од:

Владата на премиерот на Словачка, социјалдемократот Роберт Фицо, го преживеа вчерашното неуспешно гласање за недоверба, пренесува ДПА.

На гласањето, што се одржа доцна синоќа во словачкиот Парламент, само 53 пратеници го поддржаа прашањето за недоверба на Владата на Фицо, за што беше потребно полно мнозинство од 76 од вкупно 150 пратеници.

Опозицијата го обвинува премиерот дека откако неговата партија „Смер-социјална демократија“ управува самостојно по парламентарните избори во 2012 година, во земјата е создадена клима во која се фаворизира корупција.

Фицо обвиненијата ги оцени како „спектакл“ пред претстојните локални избори во недела.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина