Владата на Шри Ланка поднесе предлог уставен амандман до Парламентот, чија цел е ограничување на претседателските овластувања.
Според предлогот, дел од ингеренциите на претседателот на Шри Ланка ќе бидат пренесени на уставниот совет, составен од пратеници и непартиски личности. Со измените, советот ќе предлага кандидати за членови на Независната изборна комисија, полициски и јавни службеници и истражители за мито и корупција. Додека претседателот ќе може да именува државен обвинител и гувернер на Централната банка само предложени од советот.
За да биде усвоен предлогот треба да биде изгласан во Парламентот со двотретинско мнозинство. Ако предлогот биде изгласан тогаш во сила ќе се вратат демократските реформи спроведени во 2015 година.
Поранешниот претседател на Шри Ланка, Готбаја, Раџапакса, кој ја напушти земјата по минатомесечните протести, ги откажа овие реформи и моќта ја префрли на функцијата на претседателот, откако беше избран во 2019 година.
Актуелниот претседател Ранил Викремисига претходно вети дека ќе ја ограничи моќта на претседателот и ќе го зајакне Парламентот, како одговор на барањата на демонстрантите.
Извор: МИА