Владата на Меркел се соочува со тужба за отштета од 25 милијарди евра

Од:

Компании што се занимаваат со производство на електрична енергија во Германија, ја тужат Влада во Берлин поради одлуката за затворање на нуклеарните централи во земјата до 2022 година. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, на своето дводневно заседание, што започна денеска, германскиот Уставен суд треба да одлучи по барањето државата да им исплати 25 милијарди евра оштета за компаниите Е.ОН, РВЕ и „Ватенфал“, кои ќе претрпат најголема штета од одлуката за затоврање на атомските централи.

Судењето се случува на петгодишнината од инцидентот во атмоската централа „Фукушима“, по кој германската Влада се обидува да го забрза процесот на затворање на нуклеарките во Германија.

Трите наведени компании се жалат дека со одлуката на Владата губат огромни средства и дека немаат доволно време да ја замената атомската со енергија од обновливи извори.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија