Владата на Меј се подготвува за Брегзит без договор

Од:

Британската Влада на денешната седница донесе одлука нејзин „работен приоритет“ да биде засилување на подготовките за можен излез на Велика Британија од Европската Унија без договр, во услови кога мнозинството од пратениците во Парламентот во Лондон се противат на постигнатиот Договор за Брегзит.

Владата информира дека ќе започне да подготвува планови за Брегзит без договор и им препорачува на јавноста и на компаниите да бидат спремни за таква можност.

– Министрите се договрија дека е дојдено време да се засилат подготовките за Брегзит без договор, изјави портпарол на Дауниг стрит 10.

Британскиот министер за Брегзит, Стивен Баркли изјави дека Владата и натаму продолжува да се ангажира за обезбедување договор за излез на земјата од ЕУ, но оти мора да се подготвува и за можноста да нема договор.

– На владината седница се договоривме дека наш работен приоритет ќе биде подготовка за „без договор“, но наш целосен приоритет останува да обезбедиме договор, изјави Баркли.

Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон пак најави дека околу 3.500 единици на Вооружените сили ќе бидат подготвени да интервенираат за спречување на евентуални немири при Брегзит без договор.

Се очекува Владата на Меј да обезбеди две милијарди фунти државни средства се справување со потенцијалниот економски хаос што би можел да настане во случај на Брегзит без договор со ЕУ.

Меј, кој го одложи гласањето во Парламентот по Договорот за Брегзит за средината на јануари, вчера изјави дека Владата „ќе разговара за следната фаза од подготовките за сценарио без договор“. Според неа, во случај ако Лондон „му сврти грб на договорот (за Брегзит), можни се ризици по работните места, услуги и безбедноста на луѓето“.

– Ако нема договор, ќе има проблеми на краток рок. Сакаме да ги преземеме сите чекори што се во наша можност за да ги ублажиме, изјави Меј пред Парламентот.

Британската министерка за меѓународен развој Пени Мордон, кој е поддржувч на Брегзитот, пред денешната владина седница изјави дека е „сосема во ред да се интензивираат подготовските за сценарио без договор“.

Министерот за домување, региони и локална самоуправа Џејмс Брукхаир, пак, изјави дека Владата веќе подолго време сериозно го разгледува сценариото за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, додавајќи дека е „сосема во ред и соодветно“ земјата да се подготвува за хаотичен Брегзит.

Во британската Влада посотои поделби меѓу оние кои се за излез на земјата од ЕУ и без договор и на оние кои се залагаат по секоја цена да се избегне Брегзит без договор.

До планираното истапување на Велика Британија од ЕУ на 29 март 2019 година, остануваат уште околу сто дена, но засега не е јасно дали тоа ќе се случи со или без договор меѓу Лондон и Брисел.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно