Малиската Влада се уште размислува дали да даде зелено светло за мировна мисија на ОН кога ќе биде воспоставена безбедноста во земјата.
– Веројатно петте постојани членки на Советот за безбедност имаат идентично мислење за неопходноста од ваква мисија, изјави на прес-конференција заменик генералниот секретар на ОН Јан Елиасон.
Тој додаде дека таков е ставот и на земјите од Западноафриканската економска заедница.
– ОН уште немаат добиено согласност од Владата на Мали, која се уште размислува, истакна Елиасон, кој нагласи дека сините шлемови можат да бидат испратени во земјата откако ќе прекинат судирите и ситуацијата ќе се стабилизира.
За испраќање на сините шлемови потребна е нова резолуција на Советот за безбедност на ОН.