Владата во Германија ги предупреди демонстрантите да држат физичка дистанца

Од:

Германската Влада ги повика демонстрантите кои го кренаа гласот во знак на протест против расизмот и полициската бруталност да се придржуваат кон правилата за социјално (физичко) дистанцирање, откако за време на викендот во Берлин се собраа 15.000 лица и 25.000 во Минхен.

Владиниот портпарол Штефан Зајберт изјави дека е „добро е што германските граѓани излегуваат на улиците со јасен став против расизмот“, но додаде дека во некои случаи сликите од протестите не беа „добри“ и дека демонстрантите се ставаат во опасност и самите себе и другите.

-Двете работи се можни: да се протестира мирно, што е основно право, но и да се задржи социјалната дистанца, рече Зајберт.

Весникот наведува дека на фотографиите и снимките од протестите може да се види дека демонстрантите се збиени едни до други, иако во Германија е препорачливо држење растојание од најмалку 1,5 метар.

Би можело да ве интересира

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он