Камбоџа е земја која е тесно поврзана со сексуалниот туризам, чија индустрија последните години цвета во таа земја. Евтини проститутки и нивниот голем број се клучни фактори за неговиот развој.
– Индустријата на проституцијата има повеќе свои нивоа. Во првото ниво спаѓаат уличните проститутки, кои орален секс наплатуваат по неколку долари. Потоа следат борделите, по нив салоните за масажа, а на последно место се многуте барови, во кои илјадници жени секојдневно го продаваат своето тело – објасни Сарош Алви новинар од „Вајс“.
Американската влада со години бара од Камбоџа да вложи поголеми напори во својата борба против трговијата со луѓе, која всушност е корен на проблемот со проституцијата и сексуалниот туризам. САД секоја година инвестираат 600 милиони долари во таа борба, поради што во Камбоџа во 2008 година е покрената агресивна кампања против трговијата со луѓе.
Но, не може со сигурност да се каже дали кампањата направила добро или лошо. Имено, досегашната пракса покажала дека наизглед позитивната кампања станала алатка за модерно човечко ропство во индустријата за облека.
Девојките за кои се сомнева дека се жртви на трговија со луѓе, при апсењето имаат само две опции. Првата опција е таа да ја прифатат програмата од кампањата, која бара нивно оспособување за бавење со друга дејност, а втората е да ја одбијат обуката и да останат во милост и немилост на корумпираната полиција, која физички ќе ги злоставува.
Многу жени ја избираат првата опција, поради која илјадници од нив секоја горина се спасени од канџите на трговијата со луѓе – потенцираа водителите на кампањата. Но, реалноста е целосно поинаква.
– Неодамна откривме дека многу жени не сакаат да бидат спасени – рече Алви. Обуката која ја поминуваат жените, се однесува на работа во фабрики за облека, за која ниту една од нив не е платена, иако се работи за тешка физичка работа долга по неколку смени.
– Ме убедија дека таа обука ќе ми го смени животот. Но, тоа место било како затвор – вели поранешната проститутка Пол Фоли, која тешката обука набрзо ја напушти, бидејќи за неа не била платена со месеци, како и на останатите жени.
– Морав да го прехранам семејството – објасни Фоли.
Индустријата за облека во Камбоџа вработува над половина милион луѓе и чини 80 отсто од вкупниот извоз на земјата. Обуката за работа во индустријата за облека, која била дел од програмата на кампањата против трговијата за луѓе, имено не била нов почеток за многу жени спасени од светот на проституцијата, туку нов облик на нивно ропство, во кое по завршената обука, за целодневна тешка физичка работа, биле платени само 80 долари месечно.
– Киријата за станот во кој живеам е 40 долари. Моите деца често се гладни, а ако едно од нив се разболи, често сум принудена да ја дадам целата месечна плата за само еден лек – рече Сенг Среј Мон, една работничка во фабрика за облека.
– Работата во фабриката е тешка. Цел ден стоиме на нозе и имаме само една пауза – додаде таа.
За да ги прехрани децата, Мон почнала да се проституира и заработува 8 долари по клиент.
Се работи за облик на модерно ропство, во кое работничките не успеваат да се прехранат ни себе ни семејството за кое се грижат, додека фабриките за облека и западните компании на познатите брендови на облека задоволно ги тријат рацете.
Index.hr – Загреб