Вирусот од Велика Британија можеби стигнал во Хонг Конг, соопштија локалните власти

Од:

Двајца студенти кои се вратиле од Велика Британија во Хонг Конг, изгледа дека се заразени со новиот вид на коронавирусот, откриен во островската земја, соопштија денеска здравствените власти во Хонг Конг.

Според Одделот за заразни болести на Центарот за здравствена заштита на Хонг Конг, во лабораторија со генетското секвенцирање на двете увезени инфекции било открило дека се совпаѓаат со новиот вид коронавирус за кој британските власти предупредуваат дека се шири во Лондон и југоисточна Англија.

Во исто време, соопштено е дека се идентификувани 53 нови случаи на Ковид-19 во Хонг Конг, кој се бори со четвртиот бран на пандемијата од средината на ноември.

Локалните власти исто така информираа дека една жена избегала од карантин и полицијата трага по неа.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година