Вирусот „Флејм” го запали блискиот Исток

Од:

Руските експерти го открија вирусот „Флејм“ кој зарази голем број комјутери на блискиот Исток. Научниците од најпознатата компанијата за антивируси „Касперски лаб” тврдат дека се работи за најсложен компјутерски вирус кој шпионира, краде и собира податоци и намерно е поставен од некоја држава.

Повеќе од пет години комјутерите низ Блискиот Исток се борат со новиот тип кој им ги краде податоците.

Неодамна се откри дека се работи за најсложениот „Malware”.

Тој е еден од најкомплексните компјутерски вируси што постоеле било кога, кој самостојно ја врши секоја серија на шпионски задачи, вклучувајќи ја и способноста за тајно снимање на разговори. Се претпоставува дека е наследник на вирусите „Stuksnet” и „Duku”, кои пред две години со саботирањето на центрифугата го спречија развојојот на иранската нуклеарна програма при што украдоа големи количини на податоци.

Со „Флејм“ се заразени најголемиот број на компјутери во Иран, Израел, Палестина, Судан и Сирија претежно комјутерите во компаниите и научните институции.

Експертите од Касперски тврдат дека „Флејм” е најмалку 20 пати посложен од „Stuksneta” и за неговото создавање се неопходни големи ресурси кои ги имаат само големите држави.

Неговиот код има околу 20 гигабајти и е способен за прибирање на податоци, менување на безбедносни и други подесувања на компјутерот, снимање, копија на порака, па дури и снимање на разговор преку микрофон.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска