Вирџин Галактик: Тестирање вселенски летови идното лето

Од:

Компанијата за вселенски туризам Вирџин галактик, соопшти денеска дека по неодамнешниот трагичен пад на вселенското летало за време на експериментален лет, ќе се продолжи со тестирање на летала најрано во летото идната година, ако биде дотогаш завршено со изработката на второто летало.

Деловите за новото летало се во производствен објект во пустината Мохаве во Калифорнија. На тоа летало работите траат веќе две години, се вели во соопштение од компанијата.

Леталото СпејсШип (втора серија број два) ќе ја замени онаа што се урна минатата недела откако според истрагата, системот за контрола при спуштање прерано се вклучил и поради аеродинамичната сила леталото се распаднало.

Притоа загина копилотот, а пилотот беше повреден.

Вирџин галактик продава места во вселенското летало за комерцијални летови по цена од 250.000 долари. Досега билет „букираа“ и Џастин Бибер, Ештон Качер како и водителот и актер Расел Бренд. Неколку патници оваа недела потпишаа договор за лет на околу 100 км. над Земјата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ