Верзијата Windous 8 Enterprise N, што означува дека е наменета за европските корисници, се појави на неколку торент сервиси во петокот. Неколку корисници кои ја симнале, изјавиле дека дефинитивно се работи за легална верзија, која „случајно“ се нашла на интернет.
Копијата не се подигнува и инсталира сама, туку корисникот мора да ја сними на диск или на УСБ, и потоа да ја инсталира.
Официјалната верзија на Виндоус 8 ќе може да се преземе од 15 август, за кога Мајкрософт најави дека ќе биде спремна за испорака.