Литванија сооипшти дека една третина од руските дипломати во земјата се шпиони и предупреди дека Москва може да ја тестира подготвеноста на НАТО со неконвенционални методи.
Во документот на литванската контраразузнавачка служба се посочува дека минатата година протерани се тројца руски шпиони. Исто така се наведува дека Москва се повеќе се интересира за воената инфраструктура во Литванија.
Литванското контраразузнавачка служба го посочува како шпион рускиот конзул во Клајпеда, Владимит Малигин.
На 18 март шведската разузнавачка служба соопшти дека една третина од руските дипломати во Стокхолм се агенти на руските тајни служби.