Вилијам Руто стапи на функцијата претседател на Кенија

Од:

Вилијам Руто денеска положи заклетва како претседател на Кенија, по победата на изборите одржани на 9 август.

Врховниот суд минатата недела ја отфрли жалбата што на изборните резултати ја поднесе неговиот противкандидат, долгогодишниот опозиционер Раила Одинга.

Педесет и петгодишниот Руто беше заменик на претседателот Ухуру Кенија, со кого имаа несогласувања што доведоа до тензии во меѓусебните односи. Сепак, двајцата со овации беа поздравени додека се ракуваа при примопредавањето на власта.

Самиот официјален церемонијал на предавањето на власта го одбележаа несакани настани, кога десетици лица беа повредени во турканицата на преполниот стадион. Под притисок на масата се урна дел од оградата на стадионот, при што се повредени најмлку 60 лица, а бројот повредени би можел да биде и поголем.

Руто ја презема власта во мигови кога државата се соочува со голем долг, што ги доведува во прашање неговите амбиции да ги исполни предизборните ветувања дадени на сиромашните Кенијци.

И Кенијата и Руто беа обвинети од Меѓународниот суд на правдата за вмешаност во постизборното насилство од 2007 година. Предметите покренати против нив подоцна беа отфрлени, во услови кога беа посочувани случаи на заплашување сведоци.

Августовските избори минаа мирно, независно историјата на политичко насилство во земјата. Ситуацијата се влоши по изборите кога дојде до поделба меѓу членовите на изборната комисија, а истакнати поддржувачи на Одинга се обидоа физички да го попречат прогласувањето на Руто како победник на изборите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца