Вилијам Хејг не ја отфрла можноста за вооружување на сириските бунтовници

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска во Лондон дека „не би требало да се отфрла можноста за давање оружје за бунтовничките сили во Сирија“.

Според Хејг, тоа би можело да се случи во иднина „доколку хуманитарната потреба стане толку голема што ќе мора да се направи нешто друго за да се спасуваат животи“.

Ваквата формулација на шефот на британската дипломатија е сосема близу до објаснувањето што тој го даваше и пред да се почне со вооружувањето на либиските бунтовници од Бенгази, во нивната борба против власта на Моамер Гадафи.

Изјавата на Хејг за можноста на сириските бунтовници да им се дава и оружје на противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад, доаѓа по неговото обвинување за британската политика кон сириските случувања.

Во интервју за лондонски „Сандеј тајмс“ Ал Асад ја обвини Велика Британија за „тиранизирање на Сирија“, како и за „наивност“ кога станува збор за безмалку двегодишниот конфликт во неговата земја.

Во следните денови Хејг во британскиот Парламент тој ќе ги соопшти деталите за британската помош за сириските бунтовници кои се борат против сириската Влада.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски