Викторија Нуланд: Ќе воведеме нови санкции против Русија

Од:

Западот ќе ги заостри антируските санкции преку нови санкции кои ќе бидат воведени на 23 февруари, изјави Викторија Нуланд, американски државен потсекретар за политички прашања.

Според неа, овие ограничувања наскоро ќе бидат значително заострени по воведувањето на нови големи пакети санкции, чија цел, меѓу другото, е да ги „задуши напорите на Русија“ да ги заобиколи рестриктивните мерки што Западот веќе ги воведе, пренесува Тас.

Претходно во Лондон беше објавен уште еден пакет санкции против Русија.

На списокот со рестриктивни мерки беа додадени 50 нови ставки, меѓу кои и компании од воено-индустрискиот комплекс и трговци со дијаманти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници