Викиликс со нови докази: Специјалните служби на САД ја прислушувале германската Влада и Меркел

Од:

Специјално одделние на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги прислушувало телефонските разговори на германската Влада. За тоа сведочи новиот документ, објавен од организацијата Викиликс, информира ТАСС, повикувајќи се на германскиот дневен весник „Зиддојче цајтунг“.

Именувањето на одделението  – Специјална служба за собирање – во протоколите на агенцијата фигурира од 2011 година, а во нив се даваат информации за прислушуван телефонски разговор меѓу шефот на одделот за прашањата на Европската унија во Владата, Николаус Маер-Ландрут, и еден советник на тогашниот француски претседател Никола Саркози.

Германските медиуми во средата, повикувајќи се на податоци од Викиликс, информираа дека НСА долго време го прислушувала не само телефонот на канцеларката Ангела Меркел, туку и на серија министри и други високо позиционирани функционери на германската Влада.

Во врска со новите информации американскиот амбасадор во Германија, Џон Емерсон во четвртокот беше повикан на разговор во Владата.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он