„Викиликс“ објави нова серија документи за кибершпионажа на ЦИА

Од:

Меѓународната непрофитна организација „Викиликс“ објави вчера нова серија документи за кибершпионажа на ЦИА, со кои се опфатени повеќе американски безбедносни служби, вклучувајќи ги и Министерството за внатрешна безбедност, Агенцијата за национална безбедност и Федералното истражно биро.

На официјалниот сајт на „Викиликс“ се објавени тајни документи од проект на ЦИА, наречен „Експрес лејн“ (ExpressLane).

„Експрес лејн“ се инсталира и стартува од Одделот на техничките служби на ЦИА со предлог за ажурирање на програмите. Како резултат на тоа, Агенцијата добивала пристап до базите на податоци на други служби без нивно знаење.

Објавените документи се дел од списите од серијата „Волт 7“, едно од најголемите протекувања на доверливи информации на ЦИА. Тука се вклучени речиси 10.000 документи и фајлови, кои се зачувани во изолираната внатрешна мрежа на Центарот за киберразузнавање, кој се наоѓа во седиштето на ЦИА во Ленгли, државата Вирџинија.

„Викиликс“ започна да објавува информации за методите за кибершпионажа на ЦИА на 7 март оваа година.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин